Редици во Белград и во Ниш, илјадици Македонци на вакцинација

Од:

Во Белград и во Ниш денеска и утре втора доза примаат најголемиот дел од околу 15.000 македонски државјани кои кон крајот на март ја примија првата доза на вакцината „Астра зенека“. Продолжува и слободната вакцинација за нашите граѓани на вакциналните пунктови ширум Србија.

На Белградскиот саем, во салите 3 и 11 од 8 часот утрово почна ревакцинацијата за македонските државјани и останатите странски граѓани, најмногу од БИХ, каде се создадоа долги редови. досега на саемот веќе се вакцинирале 2.500 лица од регионот. Процесот на ревакцинација ќе се одвива со продолжено работно време, како и во недела до 17 часот.

Како што најавија од вакциналниот пункт на Белградски саем, денеска треба да се ревакцинираат 8.000 странски државјани, а во недела 5.000.

-На крајот на март, повеќе од 22.000 странски државјани беа вакцинирани во Србија, а на Белградски саем над 12.000. Од тогаш поминаа 12 недели и дојде време за повторна вакцинација, изјави Д-р Зоран Бекиќ, дитектор на вакциналниот пункт на саемот.

Паралелно на Саемот, како што соопшти Бекиќ, се одвива и вакцинацијата со први дози, исклучиво за граѓаните на Србија, Македонија и БиХ.

Македонските државјани кои можат да се ревакцинраат викендов во Србија само во градот каде ја примиле првата доза, денеска и утре се ревакцинираат и во Ниш, во салата Чаир, а термин за повторна вакцинација имаат 5.700 македонски граѓани кои во март во Ниш ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Според директорот на Здравствениот дом во Ниш, Милорад Јеркан, сите кои во Ниш ја примиле првата доза ќе моажат да ја примат и втората доза.

-Нека не се грижат, во Ниш веќе се набавени и има вкупно 6.500 дози на „Астра зенека“ за македонските граѓани, кажа Јеркан, кој додаде дека луѓето не треба да брзаат и дека до вторник можат да дојдат во Ниш да ја примат вакцината.

Според статистиката на Здравствениот дом во Врање, во петокот на македонските граѓани им биле дадени 422 дози вакцини против коронавирус. Во овој град до четврток, 17 јуни вкупно се вакцинирани 7.088 граѓани на Македонија.

Вакцинираните во Србија или во некој друга земја ќе бидат внесени во севиденцијата за имунизирани во земјава.

„Секој кој што е вакциниран во Србија, може да се пријави кај матичниот доктор и да се внесе во системот. Во текот на наредната недела ќе направиме уште еден сајт, со истата цел, сите вакцинирани на друго место, на исти начин, да се пријават во системот ‘Мој термин’“, рече министерот за здравство венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани

Ана Ололовска

Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани

Ана Ололовска

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани

Ана Ололовска

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август, наесен можни рестрикции за невакцинираните

Ана Ололовска

МЗ: Теренската вакцинација продолжува утре во повеќе места низ државата

Ана Ололовска

Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем

Ана Ололовска