Редарски служби пред пофреквентни маркети во Карпош

Од:

Активисти од Сојузот на извидници на Македонија денеска формираа редарски служби кои пред пофреквентните маркети во Општина Карпош и околу пазарчето во Тафталиџе, ја контролираат ситуацијата на теренот и повикуваат на физичка дистанца меѓу граѓаните кои пазарат.

– Имајќи предвид дека нашата земја е пред тридневен 24 часовен полициски час, очекувана беше поголемата фреквенција на граѓани пред маркети, продавници и банки. Затоа се организираа редарските служби, за да го контролираат редот, да повикуваат на дистанца, со цел да се спречи можноста за ширење на коронавирусот, стои во соопштението од Општина Карпош.

Локалната самоуправа изразува благодарност до Сојузот на извидници, чии активисти уште еднаш ја покажаа својата одговорност и грижа за заедницата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on