Рецензија на централните вести на МРТ: Пристрасност во известувањата за прислушувањето

Од:

Пристрасност во известувањата за прислушувањето

Рецензија 29.04.2015

Дневник 2,МТВ1 – 19:30

Уредник и водител – Горан Петрески

Резиме

Во 30 минути беа проследени 16 информации од кои 4 вести под слика и 12 тонски прилози. Изборот на темите е коректен, кој ги отсликува настаните на денот, со препознатливост и нагласеност на владини промо прилози од економијата, инвестиции, инфраструктура и надежни вработувања на сиромашните градежни работници.
Редењето на вестите е доста конфузно измешано и се губи динамиката на њуз приказната која треба да го задржи гледачот. Нема логично објаснување и стандард за таков редослед на вестите и пречести форшпани кои не се во функција на држење на вниманието на гледачот.
Сепак прилозите се избалансирани и добро спакувани со изјави, со репортери од терен и нови видео инсерти, како и без манипулација и спинување во најавите на водителот.

Во генералната најава:
– Претседателот Иванов во Азербејџан
– Балтимор војската против демонстрантите со боева муниција
– Владини инвестиции и вработувања на 4000 градежници
– Средношколците и МОН блиску до договор
Веднаш потоа вестите започнуваат со прилог за средношколците и преговорите во Владата каде подеднакво се дава простор на двете страни и коректно се информира, за настанот во 1.30 секунди.

Меѓу-форшпан дека Германија ја тресе скандал за прислушување, па 3 минути за претседателот на државата со јавување од Азербејџан со стендап и тонски изјави- коректен прилог на репортер кој е испратен од Македонија на местото на настанот.

Меѓу-форшпан за терористички напад во БиХ , па следува прилог од свет за нереди во Балтимор , комплетен со видео изјави , а по него прилог за афера за прислушување во Германија, која е без изјави и со архивски снимки, по што се гледа дека е направен, за да се протне и оправда наредниот прилог против амбасадорката на Германија во Македонија која отворено и критички вчера се произнесе против владеењето на Груевски и побара оставки и истрага за бомбите на опозицијата. Во прилогот недостасува тој дел што таа всушност кажала, за да се знае зошто е напаѓана, а згора на тоа следи уште еден нарачан прилог со вечниот и единствен експерт, дипломат, Ристо Никовски кој бара реакција на МНР и да им се каже на дипломатите да не се мешаат во работите на Владата. Е такви реакции нема, на пример, кога нарачаните странски експерти ја обвинуваат опозицијата и тогаш нема укажувања дека и тоа е мешање во внатрешни работи и политики, со што се потврдува пристрасноста, но овојпат на многу суптилен и манипулативен начин кој е препознатлив за професионалците, но не и за обичниот гледач.

Во 13 минута, доста високо е прес-конференцијата на опозиционата СДСМ, која се пренесува стандардно без снимките, туку се парафразира суштината на пресот во скратена везрија од 1.30 секунди и веднаш потоа се лепи реакција на владеачката ВМРО ДПМНЕ и се чита целото соопштение, 2 минути, што е несразмерно и несоодветно во однос на одвоеното време за настан прес и голо пишано партиско соопштение.
Следниот прилог се експертски реакции на двајца аналитичари, провладин и проопозициски, за неуспешното референдумско изјаснување во Центар, каде се коректно претставени двете страни.

Потоа следува вест под слика за средба на делегација на Совет на Европа и Претседателот на Собрание на РМ Трајко Вељановски и линк во живо за фестивал Цветници кој го организира МТВ.

Пред вестите од светот, а по култура, 6 минути за два промо прилози од владините проекти. Првиот за тоа колку Македонија е сигурна за инвестиција, дека Австријците се пресреќни што нѐ има, вториот прилог за работа за градежници и можни 4000 вработувања. Меѓутоа ниту во едниот ниту во другиот нема компарирање за која плата ќе работат вработенте, колку истите фирми плаќаат во Австрија за истата работа, и нема компаративни податоци колку во насловот ИНВЕСТИЦИИ и ВРАБОТУВАЊА има профит, добивка или поконкретно преживување или добра заработувачка за пристоен живот.
Веста за Непал која е број еден во светот, за земјотресот каде се загрозени 8 милиони луѓе, има над 4000 жртви и уште толку повредени и нови потреси, е пред крајот во -28 минута. Последниот прилог е за терористичкиот напад на полициска станица во Зворник во БиХ, кој иако коректно е направен е нејасно зошто е последен особено поради фактот што се работи за регионален настан број 1 и загрозеноста на регионот од овој тип на инциденти и интересот на јавноста, бидејќи беше најавен како вахабистички исламски инцидент во мултиетничка Би Х , република од нашата поранешна заедничка држава.

Заклучок

Од денешниот избор на информации и начинот на кој беа сработени прилозите, освен редоследот и редењето на вестите станува јасно дека, новинарите и уредниците се обучени и знаат како се изработуваат професионално стандардни њуз прилози, имаат можност и капацитети и опрема да известуваат и од дома и од странство, знаат да бидат избалансирани ако сакаат, но според приложеното, во зависност од притисоците и нарачките, или активностите на Владата и Груевски така и исклучуваат или даваат простор на провладините за сметка на сите останати теми од дома и странство. Денеска владата немаше настани освен преговори со средношколците. Денешниот Дневник покажува дека истите луѓе во дадена ситуација сработуваат коректни и стандарни новинарски продукти, а во друга ситуација, пакуваат еднострани, неизбалансирани и навивачки прилози и вести. Нејасно е дали тоа го прават под притисок и нарачка или своеволно.

Новинарски пленум

Рецензент Драган Антоновски

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он