Пејачката Ребека Јанковска пред Собранието, францускиоот претседател Макрон го преименува во Морон. Го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи каде се родил, каде се лекувал, каде израснал, откако тој рече дека нема емоции во преговарањето.
Таа додаде: „Не може да нема емоции!” и побара оставка од него.
„Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Призајте!”, рече Ребека Јанковска.
На Османи и Владата им порача: Срам да ви е!
„На Гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа.
„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача Ребека.