Реакцијата на Радев спротивна на основниот принцип за немешање во внатрешните работи на друга држава, став на Пендаровски

Од:

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО, е став на претседателот Стево Пендаровски во однос на последните случувања во Бугарија со претседателот Румен Радев, а кои се однесуваат на македонско-бугарските односи.

Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, е ставот на Пендаровски, наведуваат од неговиот кабинет.

Кабинетот на шефот на државата нагласува дека до овој момент Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонските граѓани, само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.

-Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но ниту во последниот годишен извештај за напредокот на ЕУ не се регистрирани такви случаи, велат од кабинетот на Пендаровски.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера на средбата со шефовите на бугарските специјални служби побара да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест.

Повод за средбата е писмото кое бугарскиот Кабинет на претседателот го добило од Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и од други граѓани на Северна Македонија кои се определуваат како локални Бугари и поради, како што се наведува во соопштението, зачестените појави на повреда на нивните права само поради фактот што се определуваат како етнички Бугари.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Сиљановска Давкова по средбата со Радев: Ако се слушаме и почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат

Предраг Петровиќ

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ