А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

by А1он07/10/2024 - 14:17654
Share0

Јавната набавка за хортикултурно уредување, е постапка која ја распишала и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок се вели во реакцијата од АД МЕПСО по денешните обвинувања од ДУИ за потрошени 15 илјди евра за цвеќиња.

Добивај вести на вибер

– Потребата за ваква набавка е наведена во планот на јавни набавки за 2024 г., истата е објавена во месец мај, а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јули од страна на менаџерскиот тим во заминување. Бидејќи постапката беше во финална фаза, а соочени со можноста од правни последици, АД МЕПСО ја потпиша истата.

Инаку станува збор за рамковна спогодба склучена за временски период од 12 месеци што значи дека не постои обврска за искористување на средствата. Како нов менаџерски тим цениме дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за истата нема да се доставуваат нарачки. До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата.

Оттука цениме дека денешната прес конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села, компанијата да ја вовлече во партиски препукувања.

Ја повикуваме јавноста да ја следи реализацијата на набавката преку електронскиот систем за јавни набавки затоа што јавноста има право да знае како се трошеле и трошат средствата на компанијата која е во државна сопственост.

Инаку ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и таму каде што не било неопходно при што за оваа намена буџетот е пречекорен за околу 10 милиони денари, се вели во реакцијата од компанијата.

duimepso

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Горан Наумовски19/03/2026 - 16:05

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Горан Наумовски17/03/2026 - 16:35

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 11:49

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

Горан Наумовски13/03/2026 - 17:50

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто