А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Спасов на изјавата на Царовска од СДСМ

by А1он12/09/2016 - 16:47225
Share0

Кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика во реакција на денешната изјава на претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, наведува дека СДСМ e партијата која ја создала социјалната сиромаштија во Македонија кога, како што посочува, „затвори 684 фабрики и оставија на улица 200.000 работници“.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од 60.000 приматели на социјална помош во време на СДСМ, денес бројката е намалена на помалку од 30.000. Толку од знаењето на СДСМ и неможноста ниту да се спореди со работата на владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Денес СДСМ лаже и манипулира ветувајќи нешто што ниту знае ниту планира да го реализира, бидејќи сите на „Бихаќка“ знаат дека поразот на изборите им е неизбежен, се вели во реакцијата.

Доколку СДСМ знаеше да работи, се додава во реакцијата, Фросина Ременски откако беше технички назначена за министер немаше да не покаже интерес за ниту еден проект од интерес на граѓаните. Напротив, таа направи застој на околу 230 предмети кои што не ги реши во законскиот рок поради нејзините смислени опструкции и партиски наредби. Ременски остана запаметена по хаосот кој го направи во МТСП, политичките притисоци и реваншизмот кој го вршеше врз вработените и одговорните лица во институциите под министерството, стои во реакцијата.

Според Кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Ременски од тотално неразбирливи причини го блокирала проектот „Се грижиме за топол дом“ со кој што веќе 2,5 години им се помага на семејствата од социјален ризик, како и дека „одбивала да потпише записници со кои ќе можела да почне распределба на 119 социјални станови и истовремено барала лице кое е во блиски релации со функионер на СДСМ и кое не ги исполнувало критериумите да добие социјален стан“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во реакцијата се истакнува дека Министерството за труд и социјална политика под раководство на ВМРО-ДПМНЕ постигнало многу значајни резултати. наведени се зголемување на пензијата за 70,29 процента од 7.683 денари во 2006 година на 13.083 денари во 2015 година, како и на социјалната помош во тој период за 61, 8 проценти.

Меѓу другото е посочено зголемувањето на постојаната парична помош, како и дека е презеден проектот „Отпис на долгови на граѓани од ранливи категории“ и реализацијата на проектот „Заштита од енергетска сиромаштија“.

spasovvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 13:17

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 12:57

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 09:18

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:22

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски20/06/2026 - 10:0220/06/2026 - 10:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто