Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола на пресот на ЛДП

Од:

„Велепредавството и тајните и темни сценарија на Заев за доаѓање на власт и по цена на исчезнување на македонскииот идентитет, предизвикува толку силни чувства кај македонскиот народ што не постои прес конференција, диверзија или човек, дали од СДСМ или ЛДП, кој ќе ги натера луѓето да заборават и да се приклучат кон разнебитувањето на сопствената земја.

По насоките од централата на СДСМ, ЛДП и денес излезе пред битолчани, овојпат со претседателот на сателит партијата, кој на битолчани им е општо познат како извршител на наредби од СДСМ, човек кој секогаш со своите пресови предизвикува потсмев.

Обидите за бегање од суштински важните прашања поврзани со платформата за разнебитување на Македонија не се покриваат со секојдневни пресови.

Повиците кои илјадници битолчани секојдневно ги упатуваат кон вас за откажување од Тиранската платформа се далеку посилни“, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола на пресот на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела