Реакција на Министерството за транспорт и врски на соопштението на општина Центар

Од:

Градоначалникот Андреј Жерновски да престане со манипулирање на јавноста преку обидите со некакви писмени реакции за тоа дека Министерството за транспорт и врски не му дава надлежност врз градежното земјиштето.

Ваквото тврдење на Жерновски е тотално непознавање на законските прописи, односно на Законот за градежно земјиште. За да му стане јасно прво нека го прочита Законот за градежно земјиште а потоа да престане со манипулирање на јавноста.

Имено Општина Центар никогаш не била сопственик ниту владетел на градежното земјиште и оттаму е нејасно барањето на градоначалникот да му се врати во владение земјиштето. Ова покажува тотално непознавање на законските прописи од страна на градоначалникот, особено на Законот за градежно земјиште каде што е наведено дека сопственик на градежното земјиште е Република Македонија, а во име на Република Македонија со истото управува Владата на Република Македонија.
Министерството за транспорт и врски не одлучува за давање на надлежности за вршење на работите за располагање со градежно земјиште, туку согласно член 91 од Законот за градежно земјиште е наведено дека: „Владата на Република Македонија носи одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Македонија за општината која ги исполнила условите од членот 89 на законот, по претходно прибавено мислење од страна на Комитетот за градежното земјиште сопственост на Република Македонија“.

Комитетот е составен од 7 члена, од кои три члена се предлагаат од страна на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.
Бaрањата за кои градоначалникот Жерновски повикува, Министерството за транспорт и врски ги има доставено до Комитетот за градежно земјиште кoj треба да одлучува за давање на надлежностите за вршење на работите за располагање со градежно земјиште. Во тој случај Министерството за транспорт и врски не одлучува.

Реакциите на градоначалникот Жерновски се само еден обид да ја скрие својата немоќност да одговори на потребите на граѓаните во Општина Центар.
Министерството за транспорт и врски уште еднаш го повикува Жерновски да излезе пред јавноста и да каже кој закон е прекршен со продажба на земјиштето за кое тој повикува.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска