Реакција на министерката Шекеринска на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

„Вистински одговори на хаотичните прашања на ВМРО ДПМНЕ

ДА, стануваме членка на НАТО.

ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.

ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.

ДА, на воздухопловците, медицинскиот кадар и лесната пешадија обезбедивме дополнителни надоместоци.

ДА, обезбедивме и станарина од над 7.000 денари месечно за СИТЕ.

ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.

ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.

ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.

ДА, има нови чизми за сите.

ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.

ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.

ДА, има опремување со оклопни возила.

ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.

ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.

ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.

И… ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.

Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи“, се вели во реакцијата на Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори