Реакција на БЕСА за крстот на Шапка: Не си играјте со оган

Од:

Однесувањето на еден владин фукционер како Стојанче Ангелов само уште еднаш потврдува дека поставувањето на Крст на Попова Шапка не е во чест на верата туку политичка провокација. Само политички очајници и губитници можат да се обидуваат да печалат поени со предизвикување етнички тензии на верска основа велат од движењето БЕСА.

– Ова е на штета на православните верници кои некој сака да ги направи орудие за политичка агенда. ДУИ седи во Влада која го именувала Стојанче Ангелов за Директор на Центарот за управување со кризи. ДУИ има Директор во Државниот Инспекторат за градежништво, кој има непосредна надлежност за рушење. ДУИ има интерес да не се зборува за нивните матни бизниси со Дака во Тетово, за коцкарските криминалии, за корупциските скандали со јавните набавки. На ДУИ му треба Крстот за да го отргне фокусот од вистинските прашања. За жал СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија на нивниот мамец. Ја користиме приликата уште еднаш да апелираме да не се играат со оган. Самовластие нема да толерираме. Закани не не плашат. Ќе постапиме согласно закон, се вели во соопштението на БЕСА.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка