Реакција на АВМУ за попречувањето на работата на ТВ Канал Вис во Ново Село

Од:

„Телевизија Канал Вис од Струмица, ја извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека нивната новинарска екипа која ја следела вчерашната седница на Советот на Општина Ново Село, не само што била попречена да ја извршува својата професионална обврска, туку била изложена и на вербални напади.

Агенцијата како и повеќепати досега, ги осудува сите форми на притисок и навреди врз новинарите и медиумските работници и повторно повикува да се почитува како достоинството на новинарската професија, така и личното достоинство на медиумските професионалци. Воедно, Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумите е неопходен предуслов за функционирањето и развојот на едно демократско општество“, се вели во реакцијата на АВМУ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање