Лазаревски: Реакциите на вработените во УБК ме натераа да влезам во системот за прислушување

Од:

Инженерот и поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ сведочи за начинот на кој се прислушувало во периодот од 2006 до 2008 година, со стариот ситем „Vernit“ од израелско потекло, кој бил набавен во 1998 година.

Тој истакна дека веднаш откако бил деградиран од страна на новиот началник на УБК, Сашо Мијалков во 2006 година, добил индикации дека самоконтролата, која треба да ја имаат надлежните во структурата е попуштена, што почнало да го копка, до кој степен е тоа отидено.

Непосредно пред исклучувањето на системот од употреба, во 2008 година, Лазаревски успеал да влезе во него и да види што се случува.

– Бев во друштво со луѓето кои го одржуваа системот. Забележав од нивните реакции и самиот амбиент кој се створи во Управата дека нешто се случува во делот за прислушување. Во целиот амбиент што се случуваше околу мене од 2006 до 2008 година, ја добив идејата, која ја реализирав при крајот на 2008 година, пред да биде повлечен од употреба стариот систем „Vernit“, ја искористив можноста да се закачам на мрежен кабел поврзан со системот. За влез во системот ја искористив лозинката, која ја знаев од порано кога бев началник. Влегов во делот каде се чуваат логовите за активности на системот и во текстуална форма добив податоци кои ги содржеа сите информации, кои репродуцер на кој таргет има пристап. Податоците што ги извлеков, прецизно укажуваа во колку часот одреден репродуцент пристапува кон одредениот таргет, рече Лазаревски.

Тој објасни дека секој таков систем за прислушување има еден главен администратор, кој е техничко лице и на ниту еден начин не е поврзан со експлоатација на снимените материјали. Администраторот одредува кој смее да слуша и кој смее да маркира во системот, што значи дека репродуцентот или маркирачот, немаат потреба да влезат во просторијата за да ги следат или маркираат разговорите на таргетираните личности, односно броеви.

– Не може да постои таргет додека маркирачот не пристапи преку системот до телефонскиот оператор. Во листата за следење на телефонските разговори, се уфрла конкретен телефонски број, кој по маркирањето почнува со текот на разговорот да се испраќа до мониторинг системот, кој врши снимање на истиот, рече Лазаревски.

Како што објасни тој, репродуцерите се всушност оние кои имаат пристап до снимените материјали, можат да ги слушаат, да направат транскрипција и доколку разговорот е неважен да го игнорираат или пак додека се работи за итна акција, да алармираат до оперативните структури дека следеното лице презема некакви дејствија. Репродуцерот е оној кој што селектира кој разговор е важен, а кој не. Лазаревски истакна дека тој лично не работел на „Vernit“ системот откако бил деградиран, но работел на друг систем кој се наоѓал во истата просторија, само одвоен со параван и затоа има лесна пристапност до системот за прислушување.

Како што вели тој, до просторијата пристап имале вкупно 12 лица од кои 7 на „Vernit“ системот за прислушување, а 5 од другата страна на параванот, каде што работел и тој.

– Надзор за режимот на влегување беше регулиран со тоа кој има клуч од просторијата. Јас клучот го барав од мојот претпоставен, Небојша Стајковиќ, кој ме упатуваше кај кого е клучот, рече Лазаревски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on