Реакции на социјалните мрежи: Во новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ избришано „Република Македонија”

Од:

На социјалните мрежи се појавија објави во кои се посочува дека од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, усвоен на последната седница на Централниот комитет на партијата одржана на 21 јули, е избришано името „Република Македонија“.

– „Членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е тој најнапреден статут? Го избришавте ли „Република Македонија” од статутот на партијата??? ЗОШТО????“, „Премногу дволичност во Белата палата“, „ВМРО-ДПМНЕ наликува на крем партија веќе нема патриотизам“, се само некои од реакциите на социјалните мрежи.

Објавени се и фотографии од делови од стариот и новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ кои се посочуваат како доказ дека е избришано „Република Македонија“.

Инаку, во новиот Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, името „Македонија“ се споменува само во Член 72: „Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ е тело на партијата кое ја застапува и брани идејата за самобитноста на македонскиот народ и неговото право на самопределување и државност, укажува на потребата од почит кон борците во сите националноослободителни војни за Македонија, негување и заштита на македонското историско и културно наследство, како дел од европската историја, култура и цивилизација“.

Како што информираше претседателот на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски по седницата на партискиот ЦК одржана во вторникот, Централниот комитет донел одлука за измени на Статутот кои, како што посочи, се во насока на поголема демократизација на партијата.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски