Асоцијацијата „Ајде Македонија“ работи на развој на првата мрежа за донирање храна во Македонија, што има за цел да им обезбеди по два оброка на 1.000 луѓе дневно, со намера мрежата да се прошири за да помогне на уште повеќе луѓе кои имаат проблем при обезбедувањето храна.
Во насока на зголемување на информираноста и мотивираност за вклучување на сите заинтересирани граѓански организации и потенцијални волонтери денеска организра настан на кој ќе го презентира начинот на развој на мрежата и нејзиното функционирање.
Од Асоцијацијата посочуваат дека на ваков начин сакаат и да го намалат фрлањето на повеќе од 10.000 тони безбедна храна која завршува на депониите.
Развојот на мрежата за донирање на храна е поддржано од Швајцарската Амбасада во Македонија и УСАИД преку Мировниот Корпус.