Разузнавачот Наке Чулев е новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за министер во МВР

Од:

Наке Чулев е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада. Тие преку соопштение го опишуваат Чулев како долгогодишен професионалец во областа на безбедноста дел од Ангецијата за разузнавање. Од опозициската партија велат дека Чулев има искуство од областа на безбедносна политика, односно дека е дипломиран криминалист.

„Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија. Се усовршувал за трансформација на конфликти со мировни средства на Софискиот Универзитет во Бугарија. Бил дел и од школата за балканската мрежа за човекови права во Дубровник Хрватска. Учествувал и на безбедносниот форум за стратегиска комуникација и евроатланска интеграција што беше дел од НАТО колеџ за одбрана. Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави. Наќе Чулев е долгогодишен професионалец и одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Чулев е вработен во Директоратот за разузнавање при Агенцијата за разузнавање, а истворемено е предавач на Дипломатската академија на МНР.

„Во периодот од 2013-та до 2017-та година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017-та до 2019-та генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017-та година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне

Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за да владее на поклон ја даде државата на ДУИ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ се заплетка, седи во техничка Влада со Џафери, а глуми дека не е

Катерина Ѓуровски

Примопредавање на премиерската функција, почнува мандатот на третата техничка Влада

Катерина Ѓуровски