Разговорите во Њујорк завршија со најава за скорешна нова средба

Од:

Во Њујорк завршија дводневните средби на посредникот за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц со претставниците на Македонија, амбасадорот Зоран Јолевски, и на Грција, Адамантиос Василакис.

На прес-конференција по средбите амбасадорот Нимиц рече дека двете страни разговарале за суштината на прашањето и најави скорешна нова средба во истиот формат, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На прашањето дали темата на разговор е конкретна или лебди во воздух, и за што точно се разговара, Нимиц одговори – Прашањата се конкретизираат, не лебдат во воздух. На мене е да ги ставам предлозите на маса, да добијам реакција и потоа да понудам нешто друго. Затоа нема многу логика за мене јавно да ги објавувам овие прашања, изјави амбасадорот Нимиц.

Тој додаде дека разговорите се воделе за прашања коишто се тешки и за двете страни. Нимиц овојпат не рече дека е оптимист за разговорите, но кажа дека не е разочаран од нив. – Воопшто не сум разочаран. Разговараме за тешки прашања, имаме работи на маса, некои работи се многу тешки за страните и затоа ги гледаме од различни гледни точки. Мислам дека двете страни покажуваат чувство за процесот. Немам ништо во рака, ќе ви кажам кога ќе имам нешто во рака, изјави амбасадорот Нимиц.

Ниту амбасадорот Нимиц ниту двајцата учесници во разговорите не сакаа да прецизираат понатаму за содржината на разговорите. На прашањето за меѓународниот притисок овие дводецениски разговори да се заклучат со решение, Нимиц рече дека таков интерес постои. Средбата се одржа во просториите на Советот за безбедност на ОН што дополнително укажува на повисокото ниво на интерес што светската организација го дава на овие разговори.

– Има многу меѓународен интерес и можам да кажам дека многу држави членки на Обединетите нации доаѓаат и ме прашуваат за ова, ми зборуваат за ова. Има многу интерес. Интересот не е само академски, туку и затоа што ова е чувствително прашање во чувствителен дел на светот. Решавањето на ова прашање ќе отвори врата не само за подобри односи меѓу овие две земји, туку и за поголема стабилност во регионот. Затоа генералниот секретар на Обединетите нации е лично заинтересиран за ова, и јас му рапортирам. И други земји, како САД, разни европски земји, но и други во светот, сметаат дека ова е вознемирувачко прашање и многу би сакале да видат решение, изјави Нимиц.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски