Раздор во Алијанса за Албанците, нападнатиот Небиу порача: Можете да ме убиете, но нема да ме исплашите

Од:

Со објава на социјалните мрежи во која порачиува „Можете да ме убиете но, нема да ме исплашите“ се огласи директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу кој вчера како што тврди бил нападнат во тетовски ресторан непосредно откако објави фотографија со Зијадин Села кој пак го предводи крилото кое не се согласува со Арбен Тарави за коалиција на Алијанса за Албанците со албанската опозиција на претстојните избори.

Инцидентот вчера вечер го потврди и полицијата.

Села, кој е и актуелен претседател на Централното собрание на АА, објави дека свикува седница на ова партиско тело на која ќе се бара одговорност за претседателот на партијата, Арбен Таравари.

Таравари објави дека неговата иницијатива добива подршка од мнозинството членови на Централното собрание. Тврди дека собрал 80 потписи од вкупно 133 членови на ова тело.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски