Разбиена досега најголема организирана група на криумчарење мигранти

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на подрачјето на повеќе населени места, при што е разбиена досега најголема организирана група на криумчарење мигранти.

– Преземени се дејствија за процесуирање на поднесената кривична пријава од страна на МВР на РМ против вкупно 23 лица. Меѓу осомничените има едно малолетно лице, а 4 лица се државјани на Република Албанија. Постои основано сомнение дека лицата сториле кривични дела – Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека против 22 лица е донесена наредба за спроведување на истражна постапка и до судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен предлог за определување на мерка – притвор, а против малолетното лице до судијата за деца при Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесено барање за поведување на подготвителна постапка со предлог за определување мерка – притвор.

– Во моментот на 12 осомничени лица, достапни на органите на прогонот, им е определена мерка – притвор во траење од по 30 дена, а на едно лице мерка – куќен притвор. Другите 10 лица се во бегство и се преземаат мерки и дејствија за нивно пронаоѓање, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод