(ВИДЕО) Ратка Димитрова од името на ВМРО-вци до Владата: Не сакаме имитации

Од:

Пратеничката од првиот состав на Собранието на РМ и основач на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова се појави вечерва на собирот за спас на ГТЦ од барокот со апел до Владата, од името, како што рече – на голем број ВМРО-вци, да се повлече од намерата да го направи барокен.

– Синтагмата фасадни лушпи прва ја употреби Владата во еден оглас, многу карактеристична синтагма, важен е изгледот, а внатрешноста, а душата? Ние сме скромен домаќински народ и имаме голема љубов кон вистинското, автентичното, своето домаќинското. Не сакаме Потемкинови села. Нашиот народ вика: од горе мазно, од доле – азно. Не сакаме имитации. Од името на голем број вмровци ја молиме Владата да го напушти принципот на имитација. Имитацијата е лажна, неделотворна, уривачка, дезинтегирарачка како во политиката, така и во животот, уметноста, образованието, архитектурата дури и во релеигијата. Имаме прекрасен народ, прекразни специјалисти и студенти – да ги вклучиме, да ги уважиме, да не ги игнорираме! За да не ни стојата законите, образованието, институциите на една нога зашто можат опасно да се разнишаат. Очекуваме вмровската владе не да владее туку да управува со љубов и дикат до народот.
Во име на народот, во име на демократијата очекуваме ВМРО да се повлече од намерата да го ревидира ГТЦ.
Да живее демократијата, да живее народот, да живеат архитектѕите на Македонија, да живеат студентите на Македонија, да живее Скопје, рече Димитрова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари