Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Од:

Рано утрово, нешто пред 04 часот полицијата упаднала во стан во Скопје и затекнала забава на која имало 14 лица. Едно од нив бил 24-годишно момче кое престојувало во станот, меѓу гостите имало 10 малолетни лица на возраст од 16 и 17 години информираат од МВР.

„Денеска (06.06.2021) во 03.49 часот, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојува В.М.(24) од Скопје. При контролата, освен В.Г., биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19“ – се вели во соопштението од МВР.

Сите затекнати во станот биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија објасснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец