Расте бројот на новозаболени во Источниот регион, штипската модуларна болница исполнета

Од:

Штипската модуларна болница се полни со тешки пациенти заразени со делта сојот на коронавирусот. Слободни места има само за уште двајца пациенти.

Началничката на Инфективното одделение и на ковид центарот, Дијана Гајдарџиска-Шишикова вели дека денеска имаат 45 пациенти во модуларната болница, а пред неколку дена во функција е ставено и Кожното одделение, каде се хоспитализираат пациентите, кои веќе се стабилни по третманот во модуларната болница. На оваа одделение имаат десет пациенти. Забележува дека брзото полнење на болничките капацитети е во изминатите неколку дена се совпаѓа и со бројките на новозаразени пациенти во источниот регион.

-Имаме млади пациенти на возраст над 30 години, ни доаѓаат во тешка здравствена состојба.Триесет и тројца или околу 75 отсто од вкупниот број пациенти во модуларната болница се на кислородна поддршка, вели Гајдарџиска-Шишкова.

Поради забрзаното полнење со пациенти во штипската модуларна болница, активирана е и модуларната болница во Кочани.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена