„РАСТ“: Морално е да се покрена свеста за важноста на растот кај децата

Од:

На денешното одбележување на Светскиот ден за подигнување на свеста за растот кај децата беше побарано Владата да одвои поголеми средства, со цел да се зголеми бројот на лица кои добиваат соодветна терапија за нарушување на растот, како и да се подигне свеста, како кај институциите, така и кај граѓаните за комплексноста на проблемот.

Претседателот на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“, Александар Петровски упати благодарност до претставниците на институциите за нивните ветувања со цел решавање на проблемот со рано детектирање на нарушувања на растот кај децата.

– Имаме сериозен проблем поради недоволниот слух од страна на институциите за децата кои имаат проблем со нарушувања во растот, нагласи Петровски и додаде дека го радуваат нивните ветувања оти ќе земат заложби и ќе дадат нивен доприност со цел веќе следната година да бидат постигнати значителни резултати.

Светското искуство, како што наведе тој, говори дека децата со нарушувања на растот се соочуваат со многу сериозен проблем што се состои во касното поставување на дијагноза и последователно ненавременото лекување.

– Во Македонија во моментов околу 100 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст. Овој Светски ден повторно го посветуваме на онаа голема група на деца кои се уште чекаат да добијат право на лекување. Право кое им е загарантирано со законот, а никогаш не го добиваат поради покасно поставена дијагноза и долго поминато време на листата за чекање поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат бидејќи растот е завршен, истакна Петровски.

Тој упати барање до Владата да одвои поголеми средства со цел да се зголеми листата на пациени кои се лекуваат со хормонска терапија за раст, бидејќи, како што посочи денеска годишно се лекуваат по околу 100 деца, а многу поголем број имаат потреба од истата.

– Педијатрите во недоволен број посветуваат внимание на сериозноста на нарушување на растот кај децата. Во државата во континуитет има хормонска терапија за раст, но за жал нема доволно финансиски ресурси за сите деца кои имаат потреба, заклучи претседателот на Здружението „РАСТ“.

По повод одбележувањето, денеска во ООУ „Владо Тасевски“ беше спроведено бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечињата кои ќе имаа желба да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ