Распишана и меѓународна потерница за Мијалков

Од:

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР за Сашо Мијалков.

– Ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода, се наведува во соопштението од судот.

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето, како што стои во соопштението, има донесено решение за согласност за распишување меѓународна потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд

Претходно за Мијалков беше распишана национална потерница.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка