Распадната зграда на струшко училиште повторно ќе ги пречека учениците

Од:

Револтирани родители на ученици од Струга кои треба да ја почнат новата школска година во руинираниот објект на училиштето „Браќа Миладиновци“ во кое инвентарот е распандат и нема основни услови за одржување настава, бараат решение од градоначалникот Рамис Мерко. Според нив, градоначалникот ветил дека новата зграда на ова училиште ќе биде завршена до почетокот на школската година, но не го исполнил ветувањето.

Како знак на протест за овој проблем и барање нивните деца да учат во пристојни услови, родителите деновиве потпишуваат петиција за да ја достават до надлежните институции.

Директорката на училиштето, Лаура Шате, вели дека ветувањето ќе биде исполнето и дека учениците до крајот на септември ќе бидат префрлени во новиот објект. Во старото училиште ништо не е инвестирано бидејќи општината вложила 4 милиони денари за да се заврши новата зграда.

„Нема потреба од никаква паника, ние правиме напори зградата да биде завршена и сигурна сум дека до крајот на септември учениците ќе бидат префрлени во новиот објект. Во старата зграда исто така ќе бидат направени некои зафати за да се оспособи за користење“, изјави Шате за „А1он“.

Изградбата на новата зграда во склоп на постоечкото училиште „Браќа Миладоновци“ почна пред три години и истата е донација од турската општина Бујукчекмеџи во Истанбул со која Струга е збратимена општина.

Поранешниот градоначалник Зијадин Села тогаш најави дека зградата ќе биде готова за три до четири месеци.

Со овој проект било предвидено да има вкупно 13 училници, 5 административни канцеларии и една сала за состаноци со вкупна површина околу 1300 м2.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски