Рашела Мизрахи предложена за претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Од:

Почна седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања, која треба да го утврди составот на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

За претседател на комисијата е предложена Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а предлози од оваа ПГ се и Александар Велјановски за заменик претседател, за членови Антонијо Милошоски, Гордана Сиљановска – Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, за заменици членови Дајанчо Ефтимов, Дафина Стојаноска, Драган Ковачки, Тони Јаревски и Зоран Коцевски.

Од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, за членови се предложени Даниела Марковска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски и Марија Георгиевска, додека за заменици членови – Миле Талевски, Маја Морачанин, Бети Рабаџиевска Наумовска и Соња Мираковска.

Предлог на пратеничката група на ДУИ, за членови се Арбен Зибери и Бедри Фазли, а за заменици членови – Бајрам Кадрија и Берат Ајдари.

Од Алијанса за Албанците предложени се Ремзи Мехмеди за член и Артина Ќазими за заменик член.

Одлуката за основање на Анкетната комисија беше донесена на 20. месецов, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија Јавното обвинотелство на почетокот на месецов отвори предистражна постапка.

Од ЈО на 26. месецов соопштија дека косовските обвинители се подготвени за соработка за случајот. Тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа, продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот.

-Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, што се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување, информираше Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Мизрахи испрати допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија до Обвинителството

(ВИДЕО) Мизрахи до Јовевски: ФЗОМ правел инспекциски надзор со едно око подзамижено

Горан Наумовски

Мизрахи: Првата седница на Анкетната комисија за Оонкологија закажана за утре

Кузеска: Кој е ставот на Мизрахи по признанието на Мицкоски за континутитет со Ванчо Михајлов

ВМРО ДПМНЕ бара анкетна комисија која ќе ги утврди фактите и политичката одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница

А1он

Мизрахи: Оставка на Филипче е изнудена, потребана е кривична одговорност