Расчистени седум кривични дела „тешка кражба“ во Кисела Вода, сторителот приведен

Од:

ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода расчисти седум кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 10.06.2022 до 23.08.2022 година во фирма на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, извести МВР.

– Сторителот Е.С.(27) од Скопје, како што известивме во претходното соопштение, беше лишен од слобода на 23.08.2022 по извршување на последното дело, при што кај него беа пронајдени одземените предмети и туби со нафта, кои беа вратени на сопственикот. Е.С. беше спроведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари