Рангелова: Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ

Од:

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание Даниела Рангелова на денешната прес-конференција во седиштето на партијата рече дека Катица Јанева по втор пат е фатена како дава лажен исказ, што е недозволиво и непоимливо за некој што треба да биде на страна на правдата и професионално и чесно да ја извршува својата функција.

– Јанева е дебело платена со неколку илјади евра месечно, пари на граѓаните, за работата која треба да ја врши согласно законот. Затоа Јанева има обврска и кон медиумите и кон граѓаните транспарентно и отчетно да одговара на сите прашања кои се предмет на интерес на јавноста, истакна Рангелова.

Последното прашање коe се отвори за Jанева, како што рече, е дали таа дала лажен исказ заверен кај нотар под морална и кривична одговорност дека поседува насад со смокви постар од три години. Според Рангелова, преку овој исказ Катица Јанева се обидела да ја искористи социјалната мерка со која преку јавен оглас им се доделува земјоделско земјиште на лица чија основна дејност им е земјоделието.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ