Раководството на МВР отворено за соработка со Независниот синдикат на полицијата

Од:

Раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на синдикатот бидејќи тоа е во интерес на сите вработени во МВР.

Ова се наведува во соопштението на МВР, откако денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев изјави дека МВР тапка во место и не презема ништо освен празни муабети да ги подобри условите на македонскиот полицаец.

Од синдикатот го повикаа министерот на терен да се увери дека не се поделени чизми за сите полицајци како што тој изјавил, туку дека само една третина имаат добиено нови обувки.

Во соопштението на МВР, пак се наведува дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат

– Во Министерството се затекнати многу проблеми кои биле наталожувани изминативе години и за кои ниту постоел ниту се пројавувал интерес јавно да се говори. Почнувајќи од сериозни аномалии во материјално-финансиското менаџирање со институцијата, бројни проблеми во организационо-кадровскиот дел, евидентно инфраструктурно и техничко уназадување, катастрофални стандарди и услови за работа, се вели во соопштението на МВР.

Изминатите неколку месеци, додава МВР, направени се конкретни активности првенствено во насока на подобрување на условите и стандардите на работа на полициските службеници.

Врз основа на направени проценки, се вели во соопштението, изготвен беше план за обновување или целосна реконструкција на полициски објекти за различна намена, при што досега пет такви објекти веќе се предадени во употреба.

– Исто така во поглед на елементарните потреби за нормално функционирање на полицајците се започна со набавка на нова и комплетна полициска опрема која што етапно и согласно посебните планови во рамки на организационите единици ќе стигне до секој полициски службеник, додава МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари