А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Раководители и помошници во МЗШВ меѓу приведените за злоупотреба на субвенции

by А1он05/10/2017 - 14:15161
Share0

Раководители на сектори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и помошници назначени како претседатели на Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште се меѓу осомничените и приведени во утринската акција на МВР и ЈОРМ за злоупотреба на службена положба при склучување договори за закуп на земјоделско земјиште и за субвенции.

Добивај вести на вибер

МВР информира дека од слобода се лишени Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште – Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М. В. (37) од Гевгелија, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија,, Г. М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Е. О. (39) од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, В.С. (30) од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ и С. П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија.

Во акцијата се приведени М.Б. (45) од Скопје, раководител на Сектор за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште – Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М.В. (37) од Гевгелија, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија, П.К. (63) од Гевгелија, виш соработник за собирање, класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на Министерството во во П.Е Гевгелија, Ј.С. (42) од Гевгелија, референт за административни работи во ПЕ Гевгелија, Г.М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Е.Т. (29) од Валандово, волонтер со Договор во МЗШВ -ПЕ Валандово, М.Д. (51) од Валандово, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Валандово, В.С. (30) од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ, А.И. (49) од Скопје, помлад соработник за оперативна работа на Министерството во ПЕ Кисела Вода, С.Р. (44) од Скопје, самостоен референт за стручно административни работи во ПЕ Чаир при МЗШВ, Ѓ. И. (29) од Скопје, помлад референт за административни работи во МЗШВ – ПЕдиница Карпош со работните задачи што ги извршувал во ПЕ-Чаир и С.П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 од КЗ на РМ. Кривично пријавени се и лицата Е.О. (39) од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, З.Д. (34) од Скопје, управител на правното лице ДЗПТУ Дедема Плус Дооел Скопје, С.В. (48) од Скопје, управител на правното лице ДПТУ Агро Проџек Велјанови Дооел, Х.Л.Д. (55), турски државјанин, управител на правно лице Агро Лезет Доо, Н.Ш. (53), турски државјанин, управител на правно лице Норм Агро Доо, Р.В. (26) од Скопје, Управител на правното лице Агро Проџек Рамака Дооел Гевгелија, М.В. (24) од Скопје, Т.В. (51) од Скопје, Г.С. (39) од Скопје и К. О. (66) од Богданци – сите поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 вв член 24 од КЗ на РМ.

Пријавените, како што наведуваат во соопштението, кривичните дела ги вршеле на начин што раководителите во МЗШВ кои биле назначени како претседатели на комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште, постапувајќи спротивно на закон, склучиле договори со нови закупци за парцели што биле правно спорни и не можеле да бидат предмет на договор. За парцелите што се спорни биле барани субвенции спротивно на Закон при што барањата за субвенции во системот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој се внесувани од лице кое нема засновано работен однос во МЗШВ, а овие активности ова лице ги правело во координација со кривично пријавената С.П., вработена како раководител на одделение за координација на подрачните единици во регионот Гевгелија.

Во периодот од 2011 година до 2016 година искористувајќи ја својата службена положба и овластување пријавените лица со своите незаконски дејствија противправно се стекнале со имотна корист во вкупен износ од 13.698.297 денари или 222.736.54 евра, истовремено нанесувајќи штета на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и на Буџетот на Република Македонија.

mvrmzsvsubvencii

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија

Горан Наумовски27/11/2025 - 18:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен