Ракочевиќ: Запирање на постапката за Бошкоски – нема ниту еден доказ

Од:

Адвокатот Владимир Ракочевиќ поднесе жалба до кривичниот совет да ја запре истрагата за Љубе Бошкоски зашто не понудиле никако доказ-ниту материјален ниту вербален.

За Ракочевиќ е крајно симптоматично и несериозно испитувањето на Љубе Бошкоски за убиството на Марјан Тушевски, а притоа да не се понуди никаков доказ кој укажува на вмешаност на екс министерот во убиството. Тоа го налутило и Љубе Бошкоски кај истражниот судија кога побарал од него да му даде било каква причина зашто е донесен на испрашување. Истражниот судија немал да му даде доказ на Бошкоски зашто е повикан на разговор и на која основа против него е покрената постапка, па затоа и Бошкоски немал што да каже.

Ракочевиќ не исклучува дека е можно да се појави заштитен сведок и сега, но тврди дека тоа не смее да се случи и овојпат-ќе бара да не биде зашттитен и сите да видат кој сведок е. Иначе вели тој, така може секој да биде осуден.

Казната за ова дело за кое е обвинет Бошкоски е од 10 години до доживотен затвор. Од тука Ракочевиќ смета дека е крајно несериозно и тенеденциозно да се води постапка за Бошкоски, а да нема никаква поткрепа ниту причина за тоа во правниот систем.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски