Рајнхард Прибе одржа предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид

Од:

Германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, денеска одржа предавање пред учесниците на еднонеделната Школа на природно право што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид.

Тој пред дваесет и петте магистранти и петте докторанти на правни и политички студии што се дел од школата одржа предавање на тема „Демократијата, владеењето на правото и човековите слободи – Важноста на демократските вредности за државите кандидатки за членство во ЕУ“.

– Задоволство ми е што сум тука во Охрид, да учествувам на Школата за природно право и можноста да им пренесам на младите правници за европските интеграциски процеси и европските вредности што се предуслов за зачленување. Очекувам отворена дискусија со нив, се надевам дека ќе успеам на научна основа да им пренесам што значат европските интеграции, рече тој притоа одбивајќи да даде какви било изјави во врска со политичката состојба во земјата.

Покрај оваа Школа за природно право МАНУ во текот на септември МАНУ ќе организира уште една школа за магистранти и докторанти на правните студии посветена на говорот на омраза, криминалот на омраза и други нови форми криминал.

Се очекува Прибе од Охрид во наредните денови да дојде во Скопје на средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување. Мерките од Акцискиот план за отстранување на пречките за интеграција на Македонија во ЕУ ќе бидат презентирани и пред еврокомесарот Јоханес Хан кој во понеделник доаѓа во Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонија на 63 место според „Индексот на владеење на правото“

А1он

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

А1он

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Ана Ололовска

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

Ана Ололовска

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Ана Ололовска

Шкариќ: Злоупотреби на правото има многу, а за нив малку се зборува

Ана Ололовска