Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

Од:

Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација.

Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, Хрватска на 46-то со индекс 0,61, исто колку што има и Грција на 48-то, Косово на 60-то со 0,55, а Бугарија е 62 со индекс исто како и Северна Македонија – 0,54.

Босна и Херцеговина е 72 со индекс 0,52, а потоа со индекс 0,49 Србија и Албанија се рангирани на 81, односно 83-то место, додека најслабо рангирана меѓу земјите од регионот е Турција на 117 место со индекс 0,42.

На врвот на листата се Данска и Норвешка со индекс од 0,9, пред Финска, Шведска, Германија и Холандија, додека најлошо рангирани се Венецуела, Камбоџа и Конго.

Индексот за владеење на правото се одредува врз основа на осум критериуми: ограничување на овластувањата на Владата, отсуство на корупција, отвореност на Влада и почитување на основните права, редот и безбедност, на законот и на граѓанско-правниот и кривично-правниот систем.

Во извештајот се посочува на дека на глобално ниво, се бележи негативен тренд во владеењето на правото, на што дополнително влијаеше и пандемијата со Ковид-19. Извештајот покажува дека состојбата со владеењето на правото е влошена во 95 земји, кои сочинуваат 84,7 проценти од светското население, а е подобрена во 33 држави.

– Со оглед на негативниот тренд во толку многу земји, индексот оваа година треба да биде повик за будење за сите нас, порача извршниот директор на Светскиот проект за правда, Бил Нуком.

Индексот се базира на анкети извршени со 138.000 домаќинства и 4.200 експерти ширум светот.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Со новиот буџет финансиски и кадровски се зајакнува судството

Ана Ололовска

Законите кои се во собраниска процедура би требало да поминат бидејќи има мнозинска поддршка, оцени Маричиќ

Ана Ололовска

Маричиќ: Граѓаните веќе почнаа по електронски пат да вадат потврди од казнена евиденција

Ана Ололовска

Од денеска по електронски пат ќе се добива уверение од казнена евиденција

Ана Ололовска

Засега нема барање за екстрадиција на притворениот дипломат во Србија

Ана Ололовска

Маричиќ: Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош

Ана Ололовска