Радовишанец минатата ноќ силувал малолетничка

Од:

26-годишен жител на Радовиш е осомничен дека во текот на изминатата ноќ силувал малолетна девојка во градот, соопшти МВР.

„На 21.04.2021 година ОВР Радовиш до Основен суд Струмица поднесе кривична пријава против С.М. (26) од Радовиш, поради постоење сомнение дека ноќта помеѓу 20/21.04.2021 година во Радовиш осомничениот извршил обљуба врз малолетничка,“ се вели во полициското соопштение.

С.М. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево