Радев: Ветото за Македонија да остане додека не се формира ново парламентарно мнозинство

Од:

Бугарскиот претседател Румен радев вели дека ветото за Македонија да остане додека не биде формирана новата влада пренесуваат бугарските медиуми. Тој денеска зборувајќи за поитичката криза во земјата покрај за другите проблеми со кои се соочува Бугарија побара и ветото за Северна Македонија да опстои во согласност со усвоената рамка на консултативниот совет за национална безбедност.

– Политичката криза е факт. Но, за разлика од претходните кризи, оваа се одвива во услови на прогресивна инфлација, социјална, економска и прехранбена криза предизвикана од војната во Украина. Партиите застапени во парламентот мора што поскоро да најдат излез од ситуацијата, бидејќи ни треба одговорно и одржливо владеење. Додека партиите бараат формирање на владејачко мнозинство, Владата мора да обезбеди социјални плаќања и поддршка на бизнисот. Ветото за Северна Македонија да остане во согласност со рамката усвоена на консултативниот совет за национална безбедност и да се обезбеди функционалност на државата“ – рече Радев.

Би можело да ве интересира

Радев: Македонија само треба да ги вклучи Бугарите во Уставот

Горан Наумовски

ЕУ подготвува санкции за Бугарија

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Радев: Време е за преговори со Русија за Украина

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по решение за билатералниот спор