Радев: Растат очекувањата за компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев кој учествува на Бледскиот стратешки форум, за БНТ изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци на темата Република Северна Македонија ќе продолжи да се зголемува, јави дописникот на МИА од Софија.

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана, објасни Радев.

Според него, Резолуцијата која во јули беше изгласана во Парламентот во Северна Македонија го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство од 2017 година. Радев смета дека Резолуцијата ги истакнува јазикот и идентитетот како црвени линии за кои Скопје нема да преговара со Софија.

Претседателот на Бугарија повтори дека главен приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

Радев, исто така, изјави од Блед дека очекува заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија, елиминација на негативната слика за Бугарија во учебниците, спомениците и медиумите и прекин на говорот на омраза.

Бугарскиот претседател им се заблагодари на претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада на Бугарија.

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, пак, во изјава за БНТ изрази надеж дека Бугарија наскоро ќе има стабилна влада со цел да ги продолжи разговорите за европската интеграција на Скопје.

Би можело да ве интересира

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Бугарија ја смени својата „приказна“ за авионот на Урсула фон дер Лајен

(ВИДЕО) Нападнато е и возилото со кое патуваше Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он