Радев најави дека Бугарија ќе ни донира многу вакцини против Ковид-19

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Рим најави дека Бугарија ќе и донира големо количество вакцини против коронавирусот на Северна Македонија.

Радев нагласи и дека Бугарија ја разгледува можноста државната помош за туризмот да биде искористена за бесплатни кампови за ученици и студенти од Северна Македонија во бугарските планински и приморски одморалишта.

Бугарскиот претседател, во изјава за бугарските медиуми по неговата средба со шефот на италијанската држава Серџо Матарела, потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, ја разгледувале идејата ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.

– Разговараме со претседателот Пендаровски да поканиме ученици и студенти од Северна Македонија да поминат дел од нивниот одмор со нашите деца, заедно со наставниците, така што ќе имаме едукативна и хуманитарна програма. Ако успееме да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда на инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласи Радев.

Тој потенцира дека претседателот на Италија, Матарела е целосно солидарен со бугарскиот став за пристапувањето на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро, но има јасни критериуми за членство, што секоја земја мора да покаже дека ги исполнува одржливо и неповратно. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе постигнеме напредок во однос на прашањето за проширување кога самите земји ќе ја покажат јасно, категорично и неповратно нивната волја за напредок, потенцира Радев.

Тој додаде дека ваквиот став го споделуваат многу европски лидери, истакнувајќи дека напредок во проширувањето ќе се постигне со силни позиции на самите земји кандидати.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов