А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Радев на состанок со бугарските разузнавачи откако биле „повредени правата на Бугарите во Северна Македонија“

by А1он01/03/2021 - 19:2201/03/2021 - 22:04586
Share0

Бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со шефовите на бугарските специјални служби побара да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Радев, присуствувала и заменичката на претседателот, Илијана Јотова.

Повод за средбата е писмото кое Кабинет на бугарскиот претседател го добил од Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и од други граѓани на Северна Македонија кои се определуваат како локални Бугари, поради, како што се наведува во соопштението, зачестените појави на повреда на нивните права само поради фактот што се определуваат како етнички Бугари.

На средбата, се додава во соопштението, бил разгледан и случајот во Струмица, со нападнатите граѓани кои се определуваат како Бугари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Софија, соопшти дека бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов и специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за Бугарија Владо Бучковски разговарале за актуелната соработка меѓу Софија и Скопје.

При разговорот, најголем акцент бил ставен на врските во областа на медиумите, образованието, културата, здравствената заштита и инфраструктурните проекти.

Особено внимание било посветено на подготвеноста на двете земји за изградба на граничниот контролен пункт „Клепало“ меѓу општините Струмјани и Берово.

Претходно, бугарската заменичка-министерка за регионален развој, Деница Николова, изјави дека Бугарија планира да бидат насочени околу девет милиони евра за изградба на граничниот премин „Клепало“ меѓу Струмјани и Берово, што е назначен за стратешки проект на Софија и Скопје и оти со неговата изградба ќе се подобри поврзаноста меѓу двете држави и ќе се олесни трговијата и туризмот во двете насоки.

bugarijabugarija dogovorradev

Би можело да ве интересира

Има очекувања на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 08:4919/09/2026 - 08:52

(ВИДЕО) Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внсе Бугарите во уставот

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 09:1117/09/2026 - 14:10

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он12/09/2026 - 10:35

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он08/09/2026 - 17:2408/09/2026 - 17:37

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео