Работник повреден во инцидент во „Макстил“

Од:

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата.

– На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението.

„Макстил“ информнира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот.

– „Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Макстил со исклучително ниски вредности на емисиите на цврсти честички

„Макстил“: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

Загина работник во несреќа во Макстил

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Макстил уништени 10 тони дрога, вредноста на црниот пазар би била 26 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Повеќе фирми во кругот на „Железара“ работат незаконски, утврди инспекцијата

Жарко Настоски