Работниците кои се затруле во штипска „Актива“ пуштени на домашно лекување

Од:

Дваесет и еден работник од штипската фирма „Актива“ вчера попладнето се затруле, откако го консумирале ручекот.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Георгиев вели дека вчера од 13 до 20 часот на Инфективното одделение се згрижени 21 работник, кои се јавиле со симптоми на повраќање и дијареа. Откако ја добиле медицинската помош пуштени се на домашно лекување.

Сопственикот на компанијата Актива, Илија Николов вели дека по труењето на работниците, сега ги чекаат резултатите од Санитарната инспекција.

– Се вршат испитувања. Има претпоставки дека е од храната. Ги чекаме резултатите од Санитарната инспекција. Таа е на терен, од изутрината вршат испитувања на местото каде се подготвува храната, што ние ја добиваме од фирма специјализирана за тоа. Ние како компанија веднаш реагиравме. По првите симптоми сите работници од наша страна се однесени во болница, а дел веќе се вратија и на работа, вели Николов.

Ова е прв случај во некоја од штипските фабрики да има труење на работници од храна. Резултатите од надлежните инспекции се очекуваат во понеделник.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена