Работната група во Министерството за правда ги разгледа укажувањата од јавната расправа за законот за ЈО

Од:

Работната група во Министерството за правда денеска ги разгледа укажувањата од јавната расправа за законот за јавно обвинителство, објави на Фејсбук министерката Рената Дескоска.

Се надевам дека и политичките партии и пратенички групи сериозно пристапуваат во процесот и утре чекаме на работната средба да ги презентираат нивните амандмани, доколку сметаат дека има потреба од промени во текстот на законот што се разгледуваше, наведува Дескоска.

Во Собранието за утре е најавена нова средба на партиските работни групи во поширок формат, односно со присуство на претставници на сите пратенички групи. По средбата се очекува да биде појасно дали ќе се надминат отворените прашања меѓу власта и опозицијата и конечно Предлог-законот за ЈО да се најде на пленарна седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска најави дека доколку до Парламентот биде доставен усогласен Предлог-закон за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, тој веднаш ќе биде ставен на собраниска седница.

Апел до партиите за договор за законот упатија премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што изјави пратеникот Антонијо Милошоски и натаму смета дека предложениот закон е некомплетен и со многу недостатоци, што според него, било потврдено и на јавната расправа во Собранието.

Надеж дека законот за јавното обвинителство ќе биде усвоен пред распуштањето на Собранието на 12 февруари изразија евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорката на САД Кејт Мери Бернс.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски