Работна средба Тренеска Десковска – Жерновски

Од:

Денеска во Министерството за образование и наука беше остварена работна средба помеѓу министерката Рената Тренеска Десковска и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, со своите соработници, информираа од Општина Центар.

„Жерновски информираше за подготвеноста на седумте основни училишта на територија на општината за почетокот на новата учебна година и за реконструкцијата и санацијата која се изведува во училиштата за подобри услови за образование и престој на децата.

Министерката беше запознаена со текот на изградбата на новото современо училиште, кое за прв пат се гради во најголемото населено место, Капиштец, во кое за децата ќе бидат обезбедени најсовремени услови. Договорени се натамошни разговори околу активностите што претстојат во наредниот период, а во насока на неопходното кадровско екипирање со наставен кадар во училиштето.

Во Општина Центар ќе продолжи и годинава проектот со кој родителскиот буџет се ослободува од плаќањето за еднодневната екскурзија, обезбедувањето на училиштата и санитарно хигиенските потреби, бидејќи тие трошоци и понатаму ќе се покриваат од буџетот на Општината.

Министерката и градоначалникот ги разгледаа алармантните и загрижувачки податоци од проектот “Исправи се“, кој го реализираше Општина Центар во сите седум училишта и кој покажа дека 30% од учениците од 1-во и 2-ро одделение имаат неправилно држење или деформитети на ‘рбетниот столб. На средбата е заклучено дека овие наоди сериозно ќе биде разгледани и ќе се најдат решенија во интерес на децата за промени во образовниот систем со кои ќе се надмине овој проблем“ се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови