Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Република Бугарија Ангелов

Од:

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која биле потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави.

Од МВР денеска соопштија дека на средбата била потврдена и соработка во голем број области од заемен интерес, кои, како што стои во соопштението, придонесуваат кон ефикасна имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и оддржување на добрососедските односи, особено кон заедничкото делување и придонес во регионалната безбедност.

– Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори што се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари