Работилница за територијален план за вработување во Гостивар

Од:

Општина Гостивар во соработка со УНДП, организираа денес работилница на тема: Територијален план за вработување во општина Гостивар, која има за цел креирање на стратегија за инклузивно вработување во оваа општина.

На работилницата присуствуваа претставници од Општина Гостивар, образовните институции, невладините организации, Центарот за социјални работи, Центарот за вработување, успешни бизнисмени и други, а на присутните им се обрати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Невработеноста е круцијален проблем за највиталниот дел од општеството и тоа резултира со масовно иселување на нашата младина. Гостивар зазема второ место на ниво на државата во однос на емиграција на младите во Западна Европа и прекуокеанските земји. Треба да направиме cé за да престане овој тренд, затоа Општина Гостивар ќе соработува на ниво на партнерство со УНДП и со сите други организации кои се занимаваат со оваа проблематика и асистираат во оваа област”, истакна Таравари.

Наодите и препораките од евалвацијата на Територијалниот план за вработување (ТЕП) во општина Гостивар, ги презентираше консултантот Висар Адеми – експерт по економија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски