Работилница за проектот на НАТО – СИАРС

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја отвори работилницата за проектот на НАТО – СИАРС за развој на современ медицински информациски систем.

Организатор е Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, која покрај наставна дејност учествува и во научно-истражувачки проекти, меѓу кои во финална фаза на реализација е SIARS (Smart I (eye) Advisory Rescue System). Се работи за тригодишен проект финансиран од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“.

СИАРС се состои од развивање информациски системи во нов и современ телемедицински информатички систем со кој ќе се овозможи постојан трансфер на виталните знаци на живот за војниците, вип-личностите или цивилите на боиштето. Системот преку сензори за мерење на витални параметри на секој војник преку посебен алгоритам го пресметува степенот на ризик по здравјето и ја класифицира состојбата на секое лице опремено со овој сензор.

Податоците директно се пренесуваат и во тактичкиот оперативен центар, кој е директно запознаен со состојбата на војниците. Со овој систем значително ќе се влијае на подобрат можностите за спасување на војниците во бојното поле, а тој и ќе помогне во планирањето на соодветна евакуација и минимизирање на ризиците, транспортот и медицинската грижа потоа.

Покрај Воената академија, учесници во проектот се тимови од факултетите за електротехника и за медицина од Универзитетот од Љубљана и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

На отворањето на работилницата, која ќе се одржи во касарната „Гоце Делчев“, ќе се обратат амбасадорите на Словенија и на Хрватска во Македонија, Милан Јазбец и Данијела Баришиќ, и деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски.

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“