Работилница на РСБСП и МВР во Охрид

Од:

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи денеска и утре во Охрид ја организираат првата од дводневната работилница за надлежните лица од МВР на која преку размена на искуство, знаење и информации ќе се анализираат состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво, начините на работа и ќе се дефинира пристап, методи и мерки како актуелната состојба може да се подобри односно да се намали бројот на загинати и повредени лица.

Според статистиката во 2016 година, на територијата на Република Македонија 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 843 се тешкo повредeни. Податоците покажуваат дека на подрачјето на СВР Охрид во 2016 година се случени 287 сообраќајни незгоди со потешки последици од кои 21 сообраќајна незгода со загинато лице и 266 сообраќајни незгоди со повредени лица, при што 25 лица го загубиле животот во тие незгоди, а 59 лица се тешко повредени.

На работилница присуствуваат надлежните лица од СВР Охрид и истакнати професори и експерти од областа на безбедноста на патниот сообраќај кои ги познаваат начините и методите на работа на сообраќајната полиција и на Министерството.

-Целта на оваа работилница е заеднички со припадниците на МВР преку стратешкиот и научниот пристап да се анализираат состојбите во патниот сообраќај и заеднички да се утврди што е тоа што може да се подобри, истакна Стојче Стаменковски претседател на РСБСП.

Од РСБСП информираат дека работилници од ваков вид до крајот на оваа година ќе се реализираат заедно со МВР во сите осум сектори за внатрешни работи во Министерството.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ