PYKA: Оружјето не е музички инструмент!

Од:

Движењето PYKA (клин), реагира на неконтролираната употреба на оружје за време на приватни семејни прослави и манифестации, при што има и тешко ранети од неконтролираното пукање.

Последниот случај во Тетово, како и случаите низ другите градови каде употребата на оружје на семејни веселби доведе до ранување на многу луѓе, вклучително и деца, за движењето PYKA е опасна појава, неприфатлива и со последици, кои не кореспондираат со нашите граѓански, национални и верски вредности и традиции.

„Свадбите, и другите семејни веселби се моменти на радост, и такви треба да останат. Употребата на оружје многу лесно може таа радост да ја претворат во трагедија, која веруваме никој не ја посакува“, стои во соопштението на движењето.

Движењето PYKA апелира до сите институции, политички партии, граѓански организаци, верски заедници, авторитетни луге, како и до целото општество, да да придонесат за елиминирање на оваа појава.

„Денес се наогаме на прагот од почетокот на месецот Рамазан, горенаведените авторитети, каде и да се, покрај другите хумани пораки што Рамазан со себе ги носи, да го пренесат и апелот до граганите дека употребата на оружје на фамилијарните веселби, не е веселба, туку е лудост која не ретко завршува трагично“, стои во соопштението.

Движењето PYKA високо го цени придонесот на секоја институција и авторитет што ке го искористи овој период да ја објасни безбедносната, законската, економската и еколошката штета од употребата на оружјето. Велат, пукањето со оружје не е мелодија“!

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска