Пуштена е во употреба веб-страницата за граѓаните вакцинирани во Србија со „АстраЗенека“

Од:

Министерството за здравство утринава ја пушти во употреба новата веб -страница, односно граѓаните над 60 години вакцинирани во странство (најчесто Србија) ќе можат да се пријават за втора доза на вакцина во Македонија.

Ова не важи за граѓаните кои имаат под 60 години, а првата доза на вакцината „АстреЗенека“ ја примија во Србија.

На  vakcinacija.mk за ревакцинација можат да се пријават сите граѓани над 60 години кои примиле „АстреЗенека“ во Србија или друга држава.

-Преку регистрацијата на граѓаните ќе можеме да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можвме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека со вакцината на  “АстраЗенека” во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години.

-За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста. Согласно информациите со кои располагаме, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство, пред се Србија треба да бидат ревакцинирани околу 19 јуни, стои во соопштението.

На прашањето дали граѓаните вакцинирани со вакцините „Синофарм“ и „Фајзер“ во Србија или пак во друга држава, ќе можат да ја примат втората доза во земјава, од министерството велат дека во зависност од достапноста на вакцини во земјава, граѓаните ќе имаат можност да се ревакцинираат во нашата земја.

Се уште од Србија не е пристигната листата на граѓани вакцинирани во земјата, а последните бројки се дека околу 15.000 лица се вакцинирале во соседната држава со вакцината „АстраЗенека“.

Во недостиг на вакцини во земјава, во март годинава, илјадници граѓани заминаа во Србија да ја примат британската вакцина „АстраЗенека“. По сомнежите истата јавува нуспојави кај помлади лица, дел држави, меѓу кои и Германија, ја забранија вакцината за лица под 60 години. Македонија го следеше примерот на Германија и го стори истото, откако во земјава пристигнаа вакцините на „АстраЗенека“.

Кон почетокот на месецов, Германија се премисли и дозволи вакцината да ја примаат сите полнолетни граѓани, но во Македонија остана забраната за лица под 60 години.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски