ВИДЕО: Пуштен во употреба нов велодром во Градски парк

Од:

Завршен е и пуштен во употреба велодромот, односно памп трак патека во Градскиот парк, веднаш до паркингот кај Сточарскиот институт. Оваа локација е исполнета со забавни и рекреативни содржини. Градот Скопје на сето ова се надоврза со осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода, а целосно беше реконструиран и големиот паркинг кој го користат посетителите на Градскиот парк.

При денешната посета на локацијата, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов изрази задоволство од повеќегодишната соработка со Стопанска Банка, со чија помош е изработен овој проект, и нагласи дека Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините достапни посебно за помладите генерации, инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот.

– Се наоѓаме во дел кој во минатото беше сериозно девастиран, заедно со стручните служби на Градот, Општина Карпош и стручните служби од Стопанска банка го одбравме ова како локација каде еден сериозно девастиран простор го вративме во едно сосема поинакво светло, рече Шилегов.

Претседателот на Управниот одбор на Банката, Диомидис Николетопулос при посетата изрази задоволство што брендот Стопанска банка АД Скопје се повеќе станува синоним за соработка со заедницата, инвестирањето во подобра животна средина и граѓанска активност.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он