Пуштен во употреба локалниот пат Струмица – село Попчево

Од:

Премиерот Никола Груевски, кој денеска е во посета на Струмичкиот регион, го пушти во употреба новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино.

– Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето, изјави премиерот Груевски.

Во изградбата на патот се инвестирани околу 615 илјади евра. Новиот пат е во должина од шест километри. Во исто време, како што рече премиерот, се работи и на патот од Валандово кон Попчево, како и на санацијата на оштетениот мост помеѓу Попчево и Раборци со што во целост ќе биде изградена патната инфраструктура, со што на регионот му се дава и дополнителна туристичка вредност.

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски истакна дека во периодот од 2009 до крајот на 2012 година се изградени вкупно 441 километар локални патишта во вредност од 32 милиони евра.

– Во општина Струмица се изградени локалните патишта од Муртино за Свидовица во должина од 2,1 километар, Добрејци-Индустријска зона во должина од околу еден километар и локалниот пат М-6 за селото Сачево во должина од 2,2 километри, рече директорот Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица